Поврзи се со нас

Фудбал

Постигна четири гола, а за Мурињо тој не е играч на натпреварот

Жозе Мурињо останува еден од најхаризматичните тренери во фудбалот. Тој се појави во интервјуто по натпреварот на Сон и рече: „ Хари Кејн е играч на натпреварот“, и покрај тоа што Јужнокореецот погоди 4 пати.

Сон веднаш ја фати шегата на својот тренер и го потврди такво нешто.

„Мислам дека Хари заслужува да биде играч на натпреварот затоа што постигна гол и даде 4 асистенции за мене. Имаме добри односи со Кејн внатре и надвор од теренот“.

„Се обидовме да ја подобриме врската на теренот секој ден. Се познаваме подолго време и играме. Не сме совршени, но се обидуваме да одиме кон совршенство“, рече тој.

Advertisement

Facebook

Реклама