Connect with us

Фудбал

Постигна чудесен гол на „селско игралиште“, а сега е сензација и полн со пари (ВИДЕО)

Бразилец ги освои срцата на сите фудбалски фанови ширум светот и стана вистинска интернет сензација.

Веројатно нема корисник на социјалните мрежи кој не гледал видео од бразилско момче кое постигнува чудесен гол со неверојатна траекторија на топка. Иран Фереира стекна светска слава изведувајќи различни трикови на ливади без трева и во кал и постигнувајќи феноменални голови.

Сето ова редовно го објавуваше на социјалните мрежи, па сега стигна до бројката од неверојатни 16 милиони следбеници на Инстаграм.

Својата љубов и страст за фудбалот ја сподели со сите свои следбеници и стана препознатлив по начинот на кој ги славеше своите вештини.

Откако стана популарен, многу бразилски фудбалери станаа негови поддржувачи, па ги доби оригиналните дресови на ПСЖ и Барселона, клубовите за кои настапуваше Роналдињо, а денес Нејмар.

Популарниот Речеба доби можност да се сретне и со Роналдињо и падна на колена пред својт спортски идол, а потоа на својот стадион го угости познатиот бразилски клуб Васко де Гама.

На крајот, она што започна како обична закачка со пријателите се претвори во профитабилен бизнис бидејќи 20-годишен Бразилец преку ноќ заработи богатство благодарение на социјалните мрежи. Речеба денеска се пофали дека успеал да купи нова куќа и дека повеќе не живее во сиромаштија и дека конечно добил шанса да им се оддолжи на родителите за се што направиле за него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iran Ferreira (@luvadepedreiro)

“Во мојата нова куќа има само едно правило: слобода. И отсега никој нема да ме замолчи”, рекол Бразилецот кој преку ноќ се нашол во ситуација да не знае што да прави со огромната сума пари.