Connect with us

Фудбал

Постигна гол што го совлада Манчестер Јунајтед, научете ја смешната плата на англискиот талент!

Њукасл го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0 минатата недела, вовлекувајќи ги „црвените ѓаволи“ во уште поголема криза. Херој на средбата беше Мети Лонгстаф, со голот што го постигна во своето деби во Премиер лигата.

Англиските медиуми неодамна дознаа и за платата на Лонгстаф во Њукасл, што е смешна кога станува збор за англиската фудбалска елита. Според извештаите на медиумите, англискиот играч од средниот ред заработува само 850 фунти неделно.

Чудно, но точно. Сепак, постигнатиот гол против Јунајтед сигурно ќе го промени животот на Лонгстаф засекогаш, бидејќи обновувањето и подобрувањето на условите на договорот со Њукасл се чини дека веќе е формалност.