Connect with us

Фудбал

„Постои голема можност Ериксен да остане“

Менаџерот на Брентфорд, Томас Франк изјави дека постои голема можност Кристијан Ериксен да остане во клубот и следната сезона.

Данскиот фудбалер по сериозни здравствени проблеми успеа да се врати на терените, а Брентфорд му даде пробна шанса до крајот на оваа сезона, на општа радост на пошироката фудбалска јавност.

„Имам позитивен впечаток за него. Верувам дека има големи шанси да остане со нас. Знам дека е среќен овде и ужива. Конечната одлука ќе биде донесена на крајот од сезоната, но верувам дека ќе биде добро за сите“, изјави Френк.

Ериксен ја продолжи кариерата во Брентфорд оваа зима, откако минатото лето доживеа срцев удар на Европското првенство, кога му беше поставен тип на пејсмејкер.