Connect with us

Фудбал

Потег на Меси во 2010-та за кој се зборува и денеска

Лионел Меси и Барселона во 2010-та гостуваа на Алмерија. Противничкиот играч Варгас, пред мечот го прашал Меси дали може да го добие неговиот дрес, Аргентинецот се согласил.

Меѓутоа Алмерија загуби со 8:0, Варгас бил толку разочаран, што секако го заборавил дресот.

Сепак, по неколку минути Лионел Меси ја посетил соблекувалната на Алмерија, и не само еден, туку донел уште неколку дресови на Варгас.

-Ми вети дека ќе ми го даде дресот по мечот, но јас заборавив на тоа. Бев потиштен поради тешкиот пораз. Сепак, тој дојде во нашата соблекувална со својот дрес, но и дресовите на Пике, Пујол, Чави, Алвес и Иниеста. Не можев да верувам, раскажа Варгас.

На спомнатиот меч Меси постигна хет-трик, но на Варгас на некој начин му се извини со доделувањето на дресовите.