Connect with us

Фудбал

Потегот на Роналдо од тунелот говори само по себе: Што ќе му е нему капитенската лента?

Навивачите на Манчестер Јунајтед и навивачите на Кристијано Роналдо се воодушевени од неговото однесување пред натпреварот против Норич (3:2).

Роналдо покажа дека може да биде вистински лидер, не само на теренот, туку и надвор од него. Без разлика што не ја носи капитенската лента, Португалецот покажа колку се мотивирани и охрабрени неговите соиграчи.

Пред натпреварот со Норич, на кој постигна хет-трик и му донесе важна победа на Јунајтед, Роналдо ги поздрави соиграчите во тунелот, мотивирајќи ги и охрабрувајќи ги велејќи дека „ова е наш ден, мора да направиме се за да победиме, ајде да одиме таму да покажеме зошто го носиме овој дрес“.

На Роналдо не му треба лента за да биде капитен“, се коментарите на воодушевените фанови на социјалните мрежи.

Капитенската лента во Јунајтед ја носи стоперот Хари Мегваер, но навивачите веруваат дека таа треба да биде околу раката на играчот кој минатото лето се врати на Олд Трафорд и кој со своите голови го држи Јунајтед во Лигата на шампионите.

По Манчестер следува дерби против Арсенал и според многумина е една од клучните игри во борбата за Топ 4.