Кошарка
Потегот за кој зборува цела Шпанија: Кошаркар на Барселона со рака ја „тапкаше“ судијката по задникот на сред натпревар (ВИДЕО)
Кошаркарите на Барселона во третото коло го совладаа Тенерифе на гости со резултат 95:91, а шпанската јавност повеќе зборува за тоа што се случи во 34-тата минута, отколку за резултатот. Главните улоги ги имаа Играчот на Барса, Дарио Бризуела и судијата Јасмина Алкараз. Бризуела беше во дуел под кошот со Фран Гера и направи прекршок кој го досуди Алкараз. Кошаркарот на Барселона во тој момент не размислувал добро, па кога Јасмина поминала покрај него, нежно ја тапкал со раката по задникот.
Тој потег често го гледаме како знак на признание дека судијата ја донел вистинската одлука, но Бризуела очигледно за момент заборавил дека не допрел машки задник, туку на жена.
¿Que dice el VAR? https://t.co/Mtj7iqFKZG pic.twitter.com/COzhhyW6v5
— FINGALLISME (@ojeleyisme) October 13, 2024