Ракомет
ЕХФ одлучи: Откако Грците одбија да играат, РК Алкалоид е освојувач на Европскиот куп на ЕХФ

РК Алкалоид за прв пат во историјата освоји европски пехар, а Кире Лазаров и како играч и како тренер може да се пофали со тоа. Имено, РК Алкалоид е освојувач на пехарот на Европскиот Куп на ЕХФ.
По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот РК АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини. По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10 : 0 голови и од 2 : 0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе ги краси витрините на Алкалоид.