Фудбал
Потпиша за Реал Мадрид, па на претставувањето го донесе цело маало! (ВИДЕО)
Шпанскиот играч за врска Асиер Иљараменди е секако еден од најголемите неуспеси на Реал Мадрид во последните десет години. 32-годишниот фудбалер пристигна во кралскиот клуб летото 2013 година од Реал Сосиедад за 32 милиони евра и се очекуваше да биде големо засилување, но тоа на крајот не се случи. Иљараменди ја разочара јавноста со своите игри во Реал Мадрид и само две години подоцна Кралевите решија да го продадат.
Тој се врати во Реал Сосиедад за 15 милиони евра, а член на овој клуб и денес е. Иљараменди има договор со Сосиедад до летото 2023 година и се очекува да го продолжи договорот на уште една сезона.
Иако неговиот престој во Реал Мадрид беше вистински кошмар за него, на крајот Иљараменди ќе остане запаметен по неверојатната ситуација која се случи откако потпиша договор со кралевите.
Имено, Иљараменди на своето претставување на Сантијаго Бернабеу ги донесе речиси сите свои пријатели од Сан Себастијан со кои израсна во соседството.
No way Illarramendi took his entire suburb to the Madrid presentation 😭 pic.twitter.com/KYShqZ6FGn
— CN (@Clutchnaldo7) September 8, 2021
На официјалната презентација имаше околу 4.000 луѓе, а голем број од нив беа членови на неговото семејство и пријатели. Откако позираа со Перез се придружија на сцената, а потоа беше направена култна фотографија. За Реал Мадрид одигра 90 натпревари во две сезони, а успеа да освои една титула во Лигата на шампионите и шпанската Лига на шампиони.