Connect with us

Фудбал

Потврдена е голема промена во Серија А, но многумина се разочарани: „Никогаш повеќе нема да гледам!“

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) потврди дека од сезоната 2022/23 ќе се игра плеј-оф за шампионот во случај екипите да бидат изедначени во бодови.

Претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина, веќе некое време притиска за промени и тоа денеска беше официјално потврдено на состанокот на Извршниот комитет на италијанскиот фудбал.

Тоа значи дека две екипи кои ќе завршат со ист број бодови на врвот на табелата ќе одат во плеј-офот за одлучување за шампионот во Серија А. Ќе се игра еден натпревар, нема да има продолженија, па доколку биде изедначено по 90 минути ќе се играат пенали.

Ова ќе важи само во случај на борба за скудетото, па ако тимовите се изедначени по бодови во борбата за европско место, сепак ќе одлучува меѓусебниот сооднос.

Скудетото беше доделено во плеј-офот само еднаш во минатото, кога Болоња го победи Интер со 2-0 во јуни далечната 1964 година.

На овој начин италијанската фудбалска федерација верува дека возбудувањата во иднина ќе бидат многу поголеми и дека би можеле да бидеме сведоци на големи драми и натпревари за испишување на историја.

Но, спортската јавност во Италија не е премногу ентузијастичка за промената. Меѓу многуте коментари на социјалните мрежи, ќе издвоиме некои:

„Ова е премногу глупаво, никогаш повеќе нема да ја гледам Серија А“, „Штета е што не се прават вистински промени за подобрување на лигата наместо овие трикови како плеј-офот и промените на логото“, а повеќето мислат дека треба да почнат да работат на нови стадионите и инфраструктурата и дека тоа е најголемиот проблем на италијанскиот фудбал.