Connect with us

Фудбал

Потврдено уште едно заминување од Олд Трафорд

Летово на Островот беше официјализиран уште еден трансфер.

Голманот на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон е на нова позајмица.

Хендерсон следната сезона ќе ја помине на позајмица во Нотингем Форест, потврдија и на страната на клубовите.

Шумарите се враќаат во Премиер лигата по 23 години, а поранешниот двократен европски шампион ќе има право да го откупи договорот на Хендерсон на крајот на сезоната, под услов да да опстанат во Премиер лигата.

Хендерсон беше доведен во контакт со Астон Вила и Брајтон, на крајот ќе го видиме меѓу стативите на Нотингем.

Нотингем нема намера тука да застане, а клубот на радарот го има и напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони.