Connect with us

Фудбал

Повторно Интер? Икарди добива интересен предлог

Антониот Конте во „замрзна“ Мауро Икарди. Новиот тренер не смета на Аргентинецот во новата сезона, но тешко дека тоа го вознемири контроверзниот напаѓач.

Икарди моментално се наоѓа во Јапонија и не мисли да се одзива на повиците ос „Меаца“ дури и кога тие ќе пристигнат. Се верува дека аргентинскиот напаѓач нема да се приклучи на „Нероазурите“ во претсезоната, и ќе стори се за челниците на Интер да ја спуштат неговата цена и така да го овозможи трансферот во Јувентус.

Сепак, се уште нема вести за тоа дека неговиот трансфер во Јувентус е близу до реализација, иако „Старата дама“, наводно е негова единствена желба.

Додека го чека „спасот“ во Торино, Икарди доби интересен повик од Дејвид Бекам.

Имено, тимот на Бекам, Интер Мајами ќе за започне да се натпреварува во 2020. година, а некогашниот англиски фудбалер му предложи на Икарди да се придружи на неговиот тим во дебитантската сезона.

МЛС е „пазар“ кој расте и ден денеска, па не би било чудно Икарди и неговата менаџерка (и сопруга) Ванда Нара да бидат доведени во искушение поради понудата на Бекам.

За потсетување, Икарди минатата сезона ја изгуби капитенската трака, а едно време одбиваше да игра за Интер, наводно поради повреда на коленото – за која медицинскиот тим на „Нероазурите“ не сметало дека е посебно тешка.

Се, наводно започна кога Икарди одби да го потпише новиот договор со Интер и во моментот кога челниците на клубот дознаа дека тој зад нивниот грб договара трансфер во Јувентус.