Connect with us

Фудбал

Позајмица, па договор: Кулушевски во Тотенхем кај Конте

Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем и Јувентус ја започнале документацијата околу позајмица на шведскиот репрезентативец Дејан Кулушевски.

Тотенхем претходно се обиде да ги ангажира брзите фудбалери Адам Траоре од Волвс (се пресели во Барселона) и крилото на Порто Луис Дијаз (се сели во Ливерпул), но на крајот се одлучи за 21-годишниот играч на Јувентус.

Договорот е Кулушевски до крајот на сезоната да настапува за Тотенхем како позајмен играч за да потпише перманентен договор на лето.

Кулушевски претходно беше на мета на Арсенал, Евертон, Милан…

Кулушевски своевремено настапуваше и за јуниорската репрезентација на Македонија. Неговите родители се од Охрид, но се преселиле во Шведска, каде Дејан го привлече вниманието на фудбалските стручњаци.

Целата професионална кариера ја помина во Италија. Пред Јувентус кратко играше за Аталанта и Парма. За Јувентус одигра вкупно 74 натпревари (55 во Серија А) и постигна девет гола.

Дресот на шведската репрезентација го носеше 20 пати и постигна еден гол.