Фудбал
Познати составите за мечот Србија-Швајцарија, Пикси напаѓа со Митровиќ и Влаховиќ!
За неполн час Србија и Швајцарија го играат клучниот меч за пласман во осминафиналето. Победникот оди понатаму. Познати се и составите на двете селекции, а она што е различно од претходните мечеви на Србија е изборот на Пикси за нападот. Имено, вечерва ќе настапи со двајца напаѓачи, Митровиќ и Влаховиќ.
Србија: Милинковиќ-Савиќ – Миленковиќ, Павловиќ, Вељковиќ – Костиќ – С.Милинковиќ-Савиќ, Лукиќ, Живковиќ – Тадиќ – Митровиќ, Влаховиќ.
Швајцарија: Кобел – Видмер, Аканџи, Шар, Родригез – Џака, Варгас, Соу, Фрелер – Шаќири, Емболо