Connect with us

Фудбал

Познати спортисти кои беа заразени со Ковид-19, за повеќето само обичен вирус

Најголемите спортски настани, најголемите лиги на светот се откажани поради коронавирусот, а некои од добро познатите спортисти биле позитивни. Поголемиот дел од заразените професионални спортисти без поголеми проблеми го преболеле Ковид-19. Поминале одреден период во карантин и биле на домашно лекување.

Но, има и такви чии симптоми биле силни. Новите тестирања покажале дека се негативни.

Даниеле Ругани е првиот фудбалер кој бил позитивен. Немал никакви симптоми. Неговиот соиграч Пауло Дибала заедно со девојката биле позитивни, но велат дека имале болки во мускилите и тешко дишење, но не траело долго.

Легендата Паоло Малдини беше хоспитализиран, но кусо. Со малку проблеми го прележа коронавирусот. Неговиот син поминал многу полесно.

Во Англија првиот фудбалер кој беше позитивен Калум Ходсон-Одои немал никакви симптоми. Тренерот на Арсенал исто така беше позитивен, но откако го прележа рече дека за него тоа било само обичен вирус.

Покрај овие спомнатите, позитивен беше и Блес Матуиди од Јувентус, тројца играчи на Фиорентина и шест на Сампдорија. Потоа во Шпанија најмногу „страдаа“ играчите на Валенсија и Алавес. Сепак, голем дел од нив речиси и да немаше поголеми потешкотии и повеќето сега се добро.

Маруан Фелаини, поранешен фудбалер на Јунајтед, а сега игра во КИна, одредено време помина во Болница и вчера беше отпиштен. Сепак, немаше ниту по неговото здравје големи последици,

Поранешнот турски голман Рушту Речбер исто така беше во болница, а тој се жалеше на силни симптоми. Сега е добро и е дома.

Кевин Дурент, Руди Гоберти и Донован Мичел се позитивните кошаркари во НБА лигата за кои беше соопштено. Сепак ниту еден од нив немаа силни симптоми. Сето тоа поминало како настинка.