Connect with us

Фудбал

Познати тимовите за натпреварите во Мадрид и Ливерпул: Клоп ги изненади сите со својата одлука

Лигата на шампионите синоќа ни понуди вистински спектакли во Мадрид и Минхен, а така сигурно ќе биде и вечерва.

Вечерва на програмата се двата преостанати реванш натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите во кои силите ќе ги одмерат Атлетико Мадрид – Манчестер Сити и Ливерпул – Бенфика.

Во првиот натпревар Сити пред своите гледачи го победи Атлетико со 1-0, додека Ливерпул на гости ја совлада Бенфика со 3-1 и веќе е со една нога во полуфиналето на ова натпреварување.

Двата натпревари се играат од 21 часот и јасно е дека вечерва ќе можеме да уживаме во најдобриот клупски фудбал во светот.

Исто така, иако има повеќе од еден час до почетокот на натпреварот, веќе се познати составите на сите екипи.

Атлетико Мадрид: Облак, Савиќ, Фелипе, Реиналдо, Лодри, Љоренте, Коке, Кондогбија, Лемар, Жоао Феликс, Гризман.

Манчестер Сити: Едерсон, Кансело, Лапорте, Стоунс, Вокер, Гундоган, Родри, Де Брујн, Бернардо Силва, Марез, Фоден.

Што се однесува до мечот на „Енфилд“, Јирген Клоп го изненади тимот бидејќи реши да ги одмори повеќето од своите ѕвезди, па на клупата останаа Салах, Мане, Ван Дајк, Фабињо, Александер-Арнолд, Тиаго и Робертсон.

Ливерпул: Алисон, Гомез, Конате, Матип, Цимикас, Хендерсон, Милнер, Кеита, Диого Јота, Дијаз, Фирмино.

Бенфика: Влаходимос, Грималдо, Вертонген, Отаменди, Жилберто, Евертон, Вајгл, Тарабт, Гонкалвес, Рамос, Нуњез.