Connect with us

Фудбал

Познатиот стадион повеќе нема да биде ист: Исчезнува трибината која е единствена во светот

Познатиот стадион на Бока Јуниорс, легендарниот Ла Бомбонера, во иднина ќе има нов изглед.

Претседателот на клубот Хорхе Амор Амеал објави дека започнува со проект за реновирање на стадионот и дека аргентинскиот гигант наскоро ќе добие нов стадион.

„Имаме план. Поранешните челници веројатно ќе кажат дека е нивен, но зошто не го направија тоа ако е нивен“, изјави претседателот на клубот Хорхе Амор Амеал.

 

„Ова е нашиот проект наречен La Bombonera 360. Стадионот би имал капацитет од 80.000 гледачи. Никогаш не престанавме да работиме на проектот. Имавме двегодишна пандемија и за тоа е потребна економска стабилност“.

 

Тој рече дека сè уште нема планови за промена на името на стадионот, но ќе изгледа сосема поинаку откако ќе заврши реновирањето.

Познато е дека Ла Бомбонера има една рамна трибина, што ја прави единствена. Според новиот проект, тој ќе добие нова димензија и ќе стане минато.

 

Сегашниот капацитет на Ла Бомбонере е 57.000 седишта.