Connect with us

Фудбал

Познато е на кого се јавија фудбалерите на Аргентина веднаш по освојувањето на новиот трофеј

Репрезентацијата на Аргентина успеа да го освои трофејот Финалисима по победата против Италија со 3:0.

За овој трофеј се натпреваруваа шампионите на Европа и Јужна Америка, а на крајот „гаучосите“ со одлична игра полесно од очекуваното успеаја да ги совладаат „азурите“ и да стигнат до овој трофеј.

Аргентинците покажаа дека се во одлична форма пред Мундијалот во Катар, а ова им беше втор трофеј во последните 11 месеци откако минатото лето ја освоија Копа Америка.

По мечот, на теренот дојде до големо славје, кое се пресели во соблекувалната на Аргентина, каде фудбалерите на овој тим малку повеќе се опуштија.

Меѓутоа, аргентинските медиуми пишуваат дека направиле и фантастичен потег бидејќи преку видео врска веднаш го повикале Серхио Агуеро, кој до пред неколку месеци беше дел од репрезентацијата, но се прости од играњето поради проблеми со срцето.

Тие покажаа дека до вчера не го заборавиле својот соиграч и го прогласија за прв по освојувањето на уште еден трофеј, а тоа ја воодушеви јавноста во Аргентина.