Connect with us

Фудбал

Пред два месеци Саутгејт го загуби финале, а сега има нова работа

Пред нешто помалку од два месеци Герет Саутгејт поднесе оставка од селекторската функција на Англија по осум години. Но, локалните медиуми пишуваат дека тој веќе нашол нова работа. Останува во фудбалот, но нема да биде тренер. Имено, Саутгејт ќе биде вработен во УЕФА како технички набљудувач.

Што значи тоа? Поранешниот селектор на Англија и неговите колеги ќе ги анализираат натпреварите од тренерска перспектива и на тој начин ќе и помогнат на УЕФА да ги забележи новите трендови во фудбалот и да ги подобри условите за развој на тренерите и нивното образование. По секој закажан натпревар, Саутгејт и неговите колеги ќе користат видео снимки и статистички податоци за да состават анализа на натпреварот и да ја претстават на УЕФА.

Саутгејт веќе еднаш беше на оваа позиција, за финалниот натпревар од Лигата на шампионите минатата сезона, во кој играа Реал Мадрид и Борусија Дортмунд. Освен него, со оваа работа се занимаваа и други тренери како Фабио Капело, Аврам Грант и Франк де Бур кои летово беа технички набљудувачи на ЕП во Германија.

Саутгејт е вториот најуспешен тренер на Англија на сите времиња, водејќи ја репрезентацијата до три полуфиналиња на големите натпреварувања и две втори места. Тој освои два европски сребрени медали по ред, а Шпанија беше подобра во финалето во Германија.

Поуспешен беше само Алф Ремзи, кој ја предводеше Англија до светската титула во 1966 година, Саутгејт беше најкритикуван од медиумите и навивачите, бидејќи тие веруваат дека форсирал прагматичен, грд фудбал со оглед на тоа колку талент имал во тимот.

По заминувањето на Саутгејт многу се шпекулираше кој ќе го преземе раководството на репрезентацијата, а се споменуваа и различни имиња како Јирген Клоп и поранешните тренери на Челзи, Греам Потер и Маурисио Покетино.

Сепак, англиската федерација до денес нема донесено конечна одлука, а функцијата „привремен селектор“ ја има актуелниот селектор на репрезентацијата до 21 година, Ли Карсли (50). На некој начин, тој доби шанса да докаже дека може да стане постојан наследник на Саутгејт.