Connect with us

Фудбал

Пред Роналдо е „жешко лето“, кај Мурињо или враќање дома?

Кристијано Роналдо минатата сезона докажа дека може да игра на врвно ниво во својата 37. година.

Манчестер Јунајтед започнува нова ера со Ерик Тен Хејг, многумина прашуваат како Португалецот ќе се вклопи во идејата за Холанѓанецот, а во меѓувреме се зборува и за заминување на Роналдо.

Според римскиот весник „Република“, Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед, а двајца сериозни кандидати за неговиот потпис се Спортинг од Лисабон, но и Рома!

И додека Спортинг минатото лето фигурираше како нова дестинација на Кристијано, со оглед дека тоа е неговиот матичен клуб, сега се појави нова опција во форма на римска „волчица“.

Тимот го предводи сонародникот на Роналдо, Жозе Мурињо, со кој веќе соработуваше во Реал, но проблем е платата на Роналдо од 23 милиони евра по сезона.

Рома веќе има одредени проблеми да ја затвори финансиската структура пред мониторингот на УЕФА, па Спортинг се надева на враќање на својот бисер од пред 19 години.