Connect with us

Фудбал

Пред само неколку дена Мурињо најави дека Интер не е неговиот единствен клуб во Италија, а сега ќе го води лутиот ривал

Италијанскиот тим Рома со воодушевување објави дека постигнале договор со Жозе Мурињи. Славниот тренер, кој има 25 пехари во кариерата, римскиот тим ќе го предводи од следната сезона, односно од 2021/2022.

Португлецот со Рома потпиша тригодишен договор, односно до 30-ти јуни 2024-та година.

Интересно е тоа што до минатата година Мурињо велеше дека Интер е неговиот единственн тим во Италија, но пред само неколку дена изјави дека иако го сака овој тим и го врзуваат емоции, сепак не би одбил понуда од друга екипа од Италија.

Интересно ќе биде да се види како ќе го прифатат ова фановите на Интер, ако се знае дека токму Мурињо го донесе најголемиот успех, тројна круна, на овој тим.