Фудбал
Преговорите закочиа, иднината на Марко Пјаца под прашалник
Марко Пјаца не е во плановите на тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри ни во оваа сезона, па после позајмицата во Шалке му се насмевнува нова.
Сериозен интерес за услугите на хрватскиот репрезентативец ова лето покажа Фиорентина, а наводно постоел договор помеѓу Јувентус, Фиорентина и Марко Пјаца, па само се чекаше официјалната потврда за новата позајмица на некогашниот фудбалер на Динамо.
Сепак, сега од Италија пристигна вест дека дошло до застој на преговорите баш кога се очекуваше финализирање на работата. Имено, наводно е спорна структурата на договорот помеѓу двата клуба.
Јувентус сака во договорот да вгради обврска за откуп на Пјаца по истекот на позајмицата, додека Фиорентина сака само таква опција. Сепак, позајмицата на Пјаца се уште не е пропадната затоа што се очекува неговите застапници да одржат состанок со двата клубови наредната недела за да пробаат да ги „откочат“ преговорите.