Connect with us

Други спортови

Прекинат тренингот на Формула 1 во Сингапур, редарите бркаа голем гуштер (ВИДЕО)

Исклучително интересна сцена беше видена за време на третиот тренинг во Формула 1 за Големата награда на Сингапур.

По дваесетина минути  беше покажано црвеното знаме и сите болиди мораа веднаш да се вратат во боксот, а причина за тоа беше голем гуштер кој влезе на патеката. Гуштерот влегол на патеката Марина Беј и, за среќа, веднаш бил забележан, а бил избегнат потенцијален инцидент доколку некој од болидите удрил во него. Не само што животното би било мртво во случај на судир, туку и автомобилот сигурно би бил многу оштетен.

Откако сите болиди влегоа во боксот, стјуардите излегоа на патеката обидувајќи се да го фатат гуштерот. Гуштерот побегнал од нив, што ги воодушевило коментаторите кои биле импресионирани од неговата брзина. На крајот гуштерот бил фатен и можел да се продолжи со третиот тренинг. Квалификациите за Големата награда на Сингапур ќе се одржат денеска во 15 часот, а трката е закажана за утре во 14 часот.