Connect with us

Фудбал

Премиер лигата се враќа, одреден и датумот

Раководството на Премиерлигата и представници на 20 клубови ќе имаат состанок во петок за продолжување на сезоната 2019/2020. Датумот за рестарт е 8.јуни. Клубовите се согласиле мечевите да почнат на 8 јуни со цел сезоната официјално да може да заврши до јули.

Одредени клубови веќе ги отворија своите тренинг кампови, а тоа вчера го сторија Арсенал, Евертон, Вест Хем, денеска се очекува тоа да го стори Тотенхем. Планот е сите тимови да почнат со тренинзи до 18-ти мај.