Connect with us

Фудбал

Премиерлигашка битка за Шкринар

Големите ривали од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед и Челзи, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на словачкиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Милан Шкринар.

Централниот дефанзивец веќе со месеци преговара околу новиот договор, но никако не може да најде заеднички јазик кога е во прашање платата. Таквата ситуација сакаат да ја искористат англиските премиерлигаши кои се подготвени да одвојат околу 70 мил. евра за неговите услуги.