Connect with us

Фудбал

Пресметките се јасни: Што му е потребно на Челзи за да се избори за Лигата на шампионите?

До крајот на сезоната во Премиер лигата останаа две кола, кои сепак можат да донесат голема неизвесност на врвот иако тоа не се чинеше така пред неколку недели.

Во еден момент, Челзи беше речиси отпишан во борбата за Лигата на шампионите, но со серија од четири последователни победи дојде многу блиску до четврто место кое води во нај елитното натпреварување следната сезона.

Од друга страна, Ливерпул последните четири натпревари запишани само една победа (пет бода), исто како Тотенхем (четири бода), а сега и двете екипи стравуваат за своето место во Топ 4, кое до вчера се чинеше безбедно.

Ливерпул е на третото место со 72 бода од 37 натпревари, Тотенхем има 72, Челзи 69 и лондонските клубови имаат натпревар помалку. Во случај Челзи да ја заврши сезоната со ист број на бодови како Ливерпул, „Редси“ ќе биде пред нив поради подобрата гол-разлика, што веројатно ќе биде случај и ако тие бидат во егал со Тотенхем.

Меѓутоа, пресметките на Челзи за пласман во Лигата на шампионите се сосема јасни.

На Челзи му е потребно Тотенхем во последните два натпревари (Њукасл и Лестер, и двата на домашен терен) да не освои повеќе од три бода, или Ливерпул во последниот меч да не го победи Брајтон на Енфилд.

Покрај тоа, Челзи мора да освои максимум шест поени во натпреварите со Хадерсфилд дома и Њукасл во гости.

Се разбира, судбината на Челзи е воглавно во туѓи раце, но топката е тркалезна … Се случуваат и поголеми чуда во фудбалот.