Connect with us

Фудбал

Претседателот на Барса призна дека контактирал со Гризман

Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу, изјави дека имал разговори со личниот агент на Гризман.

Францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид се чини е на чекор од трансфер на „Камп Ноу“.

– Го сретнав еднаш на Балеарските Острови. Не сум разговарал со него оваа година. Зборував со неговиот агент во октомври. Со Сересо (претседателот на Атлетико – н.з.) сме зборувале за многу работи, но не и за тоа, откри шефот на каталонскиот клуб пред „РАК1“.

Во однос на вчерашното „Ел Класико“, шефот на каталонскиот клуб изјави дека натпреварот пружил многу контроверзии и изрази надеж дека во новата сезона ќе биде воведен ВАР системот за помош на судиите.

– Околу „Ел Класико“ секогаш има контроверзии. Вчера имаше дискусии за гол, за офсајд. Секогаш постои спор и секој ја штити својата екипа. Се надевам дека во новата сезона ќе има ВАР и ова ќе помогне. Тоа сигурно ќе го подобри фудбалот и ќе има помалку грешки, додаде Бартомеу.