Connect with us

Фудбал

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини остана без дипломатски пасош

МНР од денеска одлучи претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, да нема дипломатски пасош. Министерството за надворешни работи реши да ја повлече претходната одлука на Бујар Османи, кој му додели специјален третман и пасош по заслуга на првиот човек на ФФМ. Многу медиуми известија за оваа промена.

Министерството ја остави на сила одлуката за пасош со дипломатски почести да ги имаат фудбалерите кои ги имаат ваквите патни исправи, а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.

Одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР) се смета дека е резултат на низа скандали кои ја зафатија Фудбалската федерација. Покрај тоа, оваа мерка доаѓа и по серијата откажувања од спонзорства од важни партнери кои со години беа поддржувачи на ФФМ.