Connect with us

Фудбал

Претседателот на фудбалскиот сојуз на Србија има коронавирус

Славиша Кокеза, претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија има коронавирус, потврдија српските фласти.

-Разговарав со него, добро се држи. Во најголем дел од времето беше во изолација. Негативно се тестирани двајца кои биле со него, кои со него биле во Амстердам, а некои странци кои се сретнале со нив биле во Милано, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на прашање на новинарите на прес конференцијата.