Фудбал
Претседателот на Наполи: Рома и Ливерпул воопшто не смеат да играат во Лигата на Шампионите
Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е познат како човек кој нема влакна на Јазикот.
Де Лаурентис не се плаши да го каже она што го мисли, а за тоа бевме сведоци пред неколку дена кога рече дека Серија А е лажирана лига, а на негова мета сега се најдоа Рома и Ливерпул. И сето тоа поради Алисон.
Претседателот на Наполи по секоја цена сакаше да го донесе Алисон, на Рома му понуди дури 60 милиони евра, меѓутоа бразилскиот голман на крајот заврши во Ливерпул.
„Сите знаеме за што се работи, тоа се клубови кои се во сопственост на истите луѓе. Да постоеше правдата, немаше воопшто да смеат да настапуваат во Лигата на шампионите. Се работи за судир на интереси“, кажа Де Лаурентис, па додаде:
„Секогаш се сомневав дека вистинскиот газдата на Ливерпул воедно е и на рома. Кој ми го откри тоа? Мала птица пред неколку години“, кажа Де Лаурентис
Де Лаурентис го кажа своето, а не му требаше долго ни на Рома за да се огласи. Од „Олимпико“, очекувано, ги отфрлиа неговите наводи.