Connect with us

Кошарка

Преживеал „пекол“ поради коронавирус: Плачев по цела вечер

Спортскиот директор на кошаркарскиот клуб Фенербахче, Ченк Ренда изјави дека поминал низ најтешкиот период од својот живот поради коронавирусот.

-Бев изолиран во болница, психички бев многу лошо. Мојата деца, сопругата, клубот, сите ми паѓаа на памет. Плачев до раните утрински часови. Се плашев дека никогаш повеќе нема да ги видам. Никој не може тоа да го сфати. Овој вирус не е како останатите. Никој не ти доаѓа во посета, не ги гледате своите сакани, ова е полошо од смрт, изјави Ренда за „Фанатик“.

Тој се заблагодари на сите во клубот за поддршката, а по 21 ден конечно го видел своето семејство. Ченк Ренда има 50 години и е поранешен репрезентативец на Турција.