Connect with us

Фудбал

Пријателот на Меси го нападна Пике: Толку си лажен, ужасен, злобен, завидлив и лош!

Шпанскиот дефанзивец Жерар Пике повторно е на удар на критики поради врската со Лионел Меси.

Овој пат беше многу остро нападнат од пријател на Меси од Аргентина.

Во текот на 13-те години заедничко играње за Барселона, Жерар Пике и Лионел Меси имаа многу заеднички моменти и приватно развија блиски односи. Ситуацијата драстично се промени минатата година, кога Аргентинецот заврши долга епизода во Каталонија и се пресели во француската престолнина потпишувајќи за ПСЖ.

Шпанските медиуми открија уште неколку детали за заладувањето на односите меѓу двајцата играчи. Една од причините беше тоа што Пике беше исклучен од општествениот живот на Меси. Пике и Шакира требало да избегнуваат забави организирани од аргентинското семејство.

Друга причина беше наводната вмешаност на Пике во заминувањето на Меси од клубот.

„Пике го советуваше Лапартa за заминување на Меси. Тој му кажа дека доколку Аргентинецот ја напушти Барселона, проблемите на клубот со финансискиот фер-плеј во голема мера ќе бидат решени. Меси се чувствувал предаден од својот пријател“, пишува Ел Паис.

Од моментот на објавување на оваа информација, Жерар Пике постојано е критикуван од луѓе поблиски до Меси. Иако помина извесно време од целата афера, тоа не беше важно. Сега фудбалерот на Барселона реши да нападне еден од домашните пријатели на Лионел Меси.

„Толку си лажен и ужасен што не само што не плачеше, туку и кажа на Лапортa дека ако сака да изгради победнички тим, треба да го продаде Меси“, напиша тој и додаде:

„Истиот Лео Меси кој те спаси од Сарагоса кога никој не те сакаше затоа што беше злобен, завидлив и лош партнер“.