Connect with us

Фудбал

Приказната дојде до крајот: Борусија попушти, Халанд има нов клуб

Угледниот „Sky Sports“ утринава носи вести кои одекнаа во фудбалскиот свет.

Ерлинг Халанд ќе биде на Островот од следната сезона, поточно Манчестер Сити се согласи да и плати на Борусија клаузула од 75 милиони евра за норвешкиот напаѓач.

Споменатиот медиум пишува дека Борусија се откажала во преговорите, а Пеп Гвардиола во оваа трка ги победи ПСЖ и Барселона, со оглед на тоа што Реал Мадрид се повлече од трката за Халанд и ќе се обиде да го доведе Килијан Мбапе во своите редови.

За судбината на Халанд се пишуваше многу, но текстот од утринава го навестува крајот на оваа „сапуница“.

Сега се поставува прашањето дали Пеп ќе ја чисти соблекувалната и кој од играчите би можел да го напушти Сити бидејќи Халанд сигурно ќе има добра фигура кога е платата во прашање.

Покрај горенаведеното, Манчестер Сити ќе плати и 500.000 фунти на Мино Раиола на менаџерот на Халанд, а дека Норвежанецот полека е минато зборува и веста која исто така ја пренесува „Sky Sports“. Имено, викендов напаѓачот на Салцбург, Карим Адејеми треба да потпише за Борусија Дортмунд и би дошол како замена за Халанд.

Халанд беше само втора желба на Пеп Гвардиола по Хари Кејн, но Тотенхем не сакаше да слушне за понудите, па трансферот на Кејн пропадна, па Граѓаните веднаш почнаа со реализација на трансферот на Халанд и се чини дека успешно ја завршија работата.