Connect with us

Фудбал

Пристигна конечната одлука: Граѓаните се ослободени, Сити останува во ЛШ!

Манчестер Сити ќе продолжи да го игра најелитното клупско натпреварување во светот, Лигата на шампионите на УЕФА, следната сезона.

Откако УЕФА го исфрли Сити од европските натпреварувања две сезони, Граѓаните се жалеа до Арбитражниот суд за спорт во Лозана и го освоија најважниот дел од тужбата.

Имено, „CAS“одлучи да го врати богатиот Сити во Лигата на шампионите, додека финансиската казна остана на сила, што исто така беше ублажена.

На Сити му останува да плати казна од 10 милиони евра, што е многу помалку од првичната казна од 30 милиони евра.

За потсетување, УЕФА го казни Сити за нарушување на „Финансискиот фер-плеј“ од 2012 до 2016 година, сепак „CAS“ одлучи дека нема толку многу нерегуларности како што виде европската фудбалска организација.