Connect with us

Фудбал

Приватен авион и никогаш на тренинг во понеделник, за која ѕвезда станува збор?

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Роналдињо, неодамна со кауција од 1,6 милиони евра излезе од затвор во Парагвај, каде беше притворен поради користење на лажен пасош.

Поради тоа во изминатиот период е во центарот на вниманието на медиумите, кои на секоја тема разговараат со неговите поранешни соиграчи.

Таков случајот е и сега. Неговиот поранешен соиграч Патрисио Рубио, со кого заедно играа во мексиканскиот Керетаро раскажа интересни моменти. Двајцата играа во овој клуб во сезоната 2014/2015, но Роналдињо беше далеку од најдобрите денови. Самиот е виновен што подолго време не се задржа на самиот врв. Најуспешните денови ги имаше во ПСЖ и Барселона, а потоа споредна улога во Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Флуминенсе.

-Секогаш игравме во петок на наш терен. Роналдиљо потоа би земал приватен авион и би заминал. Никогаш не сум го видел на тренинг во понеделник. Се враќаше во вторник, секогаш. Сепак, беше голем играч, вели Рубио.