Ракомет
Проблеми за ПСЖ – без Лука Карабатиќ на Ф4
Екипата на ПСЖ се најде во проблем пред Ф4 од Лигата на шампионите.
Имено, само неколку дена пред завршниот турнир, тренерот Звонимир Сердарушиќ за француските медиуми потврди дека Лука Карабатиќ, кој претходно се повредил, нема да му биде на располагање.
Лука се повреди на првиот натпревар од четврт – финалето против Киелце, а првите предвидувања беа дека тоа не е сериозна повреда и дека тој треба да биде подготвен за Ф4. Сепак, од тоа нема ништо, и секако дека ПСЖ ќе биде ослабен.
За среќа, Лук Абало и Беноит Кункуд, кои се исто така многу важни играчи, се опоравуваат на време.
Ф4 турнирот ќе започне во саботата, а ПСЖ ќе игра во полуфиналето против Нант.