Фудбал
Проблеми за Барселона, Ла Лига не им дава да ги регистрираат Левандовски и Рафиња
Меѓу фудбалерите кои пристигнаа на Камп Ноу се и Роберт Левандовски и Рафиња, кои сепак се уште не се регистрирани членови на клубот.
Ла Лига не дозволува регистрација на овие играчи се додека не се создаде простор во финансискиот дел на клубот. Поради ова Барселона е принудена да продава играчи, а тимот од Камп Ноу сака да се ослободи од Френки де Јонг.
Сепак, Холанѓанецот не сака да го напушти клубот и прави сериозен проблем. Доколку каталонскиот клуб не се ослободи од неговите услуги во наредниот период или Холанѓанецот не прифати драстично намалување на платата, Левандовски и Рафиња нема да можат да се пријават како играчи на Барселона. Челниците на Ла Лига немаат можност да и попуштат на Барселона. Клубот едноставно мора да се ослободи од одредени договори и да прави трансфери за да работи согласно прописите.
Бидејќи Френки де Јонг не сака да си замине, Барселона наводно сериозно размислува да го продаде одличниот голман Марк-Андре тер Штеген. Едноставно мора да добијат пари за да регистрираат нови фудбалери и продажбата е неизбежна.
Де Јонг ја доведе Барселона во прилично незгодна позиција. Жоан Лапорта и неговите луѓе прават се за да го убедат да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед или Челзи, но тој не сака да замине во Англија.
Дали Каталонците поради него ќе останат без прекрасен голман ќе видиме, но во моментов оваа ситуација не изгледа баш најдобро за Барса.