Connect with us

Фудбал

Проблеми за Рамос, фановите на Реал Мадрид му подготвуваат свирежи?

Града фанс подготвува канонада свирежи за фудбалерите, особено таргет ќе им биде капитенот Рамос, клубот наоѓа начини како да дојде до договор со нив за да се избегне таква атмосфера на трибините.

Реал Мадрид се раздели со довчерашниот шеф на стручниот штаб, Хулен Лопетеги, неговиот престој на клупата на шпанскиот гигант беше краток, а по десет кола во Примера, Кралевите се на деветтото место со освоени само 14 бодови.

Цели пет меча Реал Мадрид нема победа во најсилниот шпански фудбалски шампионат, а во сабота на домашен терен го пречекува Реал Валјадолид во обидот да се рехабилитира од дебаклот на Камп Ноу кај Барселона, каде загуби со 5-1.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека Реал Мадрид како клуб ќе одржи состанок со фановите на клубот за да ги стопираат нивните планови да му упатуваат свирежи на капитенот Серхио Рамос.

Најверните фанови на гигантот планирала да го покаже својот револт за начинот на кој игра во изминатиов период со тоа што го таргетирала токму Рамос, според пишувањата на Кадења Сер.

Од клубот се надеваат дека ќе пронајдат заеднички јазик со фановите за да се избегнат плановите кои сигурно би донеле нови проблеми.