Фудбал
Проблеми за селекторот Милевски, Трајковски не игра, Елиф Елмас под знак прашалник, неколку играчи неизвесни
Проблеми околу составот пред мечот со Гибралтар има селекторот Благоја Милевски. Поради повреда Трајковски нема да игра, Елмас е под знак прашалник, неколку играчи имале настинка. Сепак, дуелот со Гибралтар мора да се добие.
-Александар Трајковски нема да биде во комбинација поради повреда, Елмас е под знак прашалник, имаме неколку играчи кои исто така се неизвесни за настап поради настинка. Голем број од играчите поради распоредот се исцрпени. Искрено, во кој состав ќе истрчаме на терен, ќе мора да почекаме сите заедно да видиме кој ќе биде подготвен. Сите фудбалери конкурираат за настап, што се однесува до Етеми, тој може да дебитира на овој дуел, вели Милевски.