Connect with us

Фудбал

Продолжуваат лошите партии на Јунајтед, Јанг Бојс со пресврт во финишот до победа

Во второто коло од Лигата на Европа, екипата на АЗ Аклмар го пречека Манчестер Јунајтед.

Натпреварот заврши без голови (0:0). Домаќинот упати неколку шутеви во голот но сепак тие не ја затресоа мрежата, за разлика од гостите кој не забележаа ниту еден шут во рамките на голот.

Избраниците на Солскјер не успеаа да дојдат до посакуваните три бода и сега тие се на делба на првата позиција на табелата со Партизна, кој претходно ја совлада Астана на гостински терен со 1:2.

Изненадуачки добро одигра екипата на Еспањол кој со 2:0 на гостински терен ја совлада ЦСКА Москва. Головите за гостите од Шпанија ги постигнаа Ву Леи во 64. и Кампузано во 90+5. минута од натпреварот.

Екипата на Јанг Бојс со пресврт успеа да дојде до победа над Ренџерс во самиот крај на натпреварот. Избраниците на Џерард го отворија резултатот. Марелос со голот ов 44. минута од натпреварот ги донесе Ренџерс во водство од 0:1.

Но, по само пет минути игра во второто полувреме Асале постигнува гол за израмнување на резултатот на 1:1.

Домаќините во самиот финиш на натпреварот успеаа да издвојуваат победа вредна три бода, а главен виновник за тоа беше Криситан со голот во 90+3. минута од натпреварот.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Астана 1:2 Партизан

АЗ Алкмар 0:0 Манчестер Јунајтед

Башакшехир 1:1 Бор. Менхенгладбах

Бешикташ 0:1 Волфс

Брага 2:2 Слабиа Братислава

ЦСКА Москва 0:2 Еспањол

Фиренцварош 0:3 Лудогорец

Феенорд 2:0 Порто

Олександриа 1:1 Гент

Сент-Етјен 1:1 Волфзбург

Волфсбергер 1:1 Рома

Јанг Бојс 2:1 Ренџерс