Connect with us

Фудбал

„Проект Рестарт“ – Премиерлигата има план

Раководството на Премиерлигата осмисли план под име „Проект Рестарт“ за сезоната која би требало да стартува на 8 јуни, без гледачи и на одредени одобрени стадиони.

„Тајмс“ тврди дека Премеирлигата е подготвена за продолжението на сезоната, а локациите за мечевите треба да ги одобрат властите и со тоа да им овозможат на клубовите враќање на „работа“.

Лигата сака да користи ограничен број на места односно стадиони, во насока на намалувањето на ширењето на коронавирусот, истовремено намалувајќи ја потребата за полиција, медицински персонал и тестирање.

Се надеваат дека „Проект Рестарт“ би можел да се случи на 8 јуни, а да има тогаш натпревари, клубовите тренинзите би требало да ги почнат на најдоцна до 18 мај.