Connect with us

Фудбал

Простувањето на Крос од Марсело сепак е посебно: Со една реченица ќе го насолзи Бразилецот

Најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид, Бразилецот Марсело денеска и официјално го напушти клубот.

По 15 години, 546 регистрирани настапи, 38 постигнати голови и дури 25 освоени трофеи, Марсело го напушти најголемиот клуб во светот.

Тој беше повеќе од емотивен за време на прошталниот говор. Кажа некои работи што не ги кажал досега. Тој дури и го доведе до солзи легендарниот Раул Гонзалес.

„Благодарност до моите соиграчи, тренери. Но пред се на економистите и обезбедувачите и луѓето кои работат зад сцената и имаат „валкана“ работа. Сакам да ја истакнам нивната работа, бидејќи се посветувам само на играњето и секогаш имав сè подготвено. Сакам да се заблагодарам на мојата сопруга што секогаш беше со мене откако почнав да играм фудбал. Ако сум тоа што сум денес, тоа е поради тебе, Кларис“. 

„Кога го напуштив Бразил, имав на ум да играм во Лигата на шампионите. Овде и денес заминувам како играч со најмногу трофеи во историјата на најголемиот клуб во светот.“

Соиграчите на Марсело од Реал се збогуваат, претседателот Флорентино Перез одржа трогателен говор по тој повод, додека многу убава порака на Твитер имаше и неговиот соиграч Тони Крос.

Со колаж од заеднички фотографии, Крос напиша: „Можам само да кажам дека играв со најдобриот лев бек на сите времиња“.