Connect with us

Тајмаут

Протекоа детали од авионот: Познато е зошто Мајк Тајсон го претепа човекот

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон (55) се најде во центарот на скандал бидејќи претепа човек во авион.

Еден од патниците го изнервирал Тајсон, кој изгубил контрола и му задал неколку удари на човекот.

Тајсон беше многу добро расположен пред летот. Се фотографираше со момците, но тие потоа почнаа да се исмејуваат со познатиот шампион. Ова особено се однесува на момчето кое седеше зад Мајк, а сега ни доаѓаат нови детали од инцидентот.

Според Дејли Стар, познатиот боксер бил малтретиран од патникот кој го удрил, а доказ за тоа е и снимката. Наводно кон Тајсон било фрлено шише полно со вода. Мајк му понудил на момчето да му се извини, по што тој го направил тоа што го направил.

Забележано е и дека лицето кое го претепа Мајк мирисало на алкохол и дека најверојатно бил под негово дејство. По слетувањето на авионот, следел разговор со полицијата, а несреќното момче одбило да поднесе жалба против Тајсон.

Мајк е синоним за бокс, тој стана најмладиот шампион во тешка категорија со само 20 години. Години подоцна, тој ги уништи своите противници, освои стотици милиони долари, но набрзо банкротираше.

Потоа во 1992 година беше осуден на шест години затвор за силување на 18-годишната Дезиер Вашингтон, која беше победничка на изборот за Мис на САД.

МТ има 44 победи на 50 натпревари, а пред една година на 54 години реши да се врати во рингот за да се бори со Рој Џонс. Тој натпревар заврши нерешено.