Connect with us

Фудбал

Прв човек на италијански тим има Ковид-19, тој е најгласен противник за продолжување на Серие А

Претседателот на Бреша, Масимо Селино има Ковид-19.

-Да, позитивен сум на коронавирус. Имам симптоми, чувствувам малаксаност и силни болки во коските, изјавил тој за „Република“.

Како што самиот изјави бил три недели во карантин во Бреша, но потоа заминал на Сардинија, во неговата вила во Каљари, сакајќи да помине време со семејството.

Но, кога отишол во болница пак да се провери, тестот бил позитивен. Било утврдено дека и неговата ќерка е позитивна, додека тестот на неговиот син е негативен.

Токму тој беше најгласен противник за продолжувањето на сезоната во Серие А.