Connect with us

Фудбал

Прв пораз оваа сезона на Интер и тоа на домашен терен

Големо изненадување во рамките од 17то коло во Серија А, Интер го доби првиот пораз оваа сезона и тоа на домашен терен против Удинезе

Тимот од Удине забележа победа со 3-1 на гости во Милано против Интер за кој ова беше првиот пораз сезонава во италијанската лига.

Гостите поведоа во 14.минута со погодокот на Кевин Ласања, а само една минута подоцна (15) Мауро Икарди израмни на 1-1.

Во вториот дел изненадувањето го најави Родриго Де Паул со голот од пенал во 61.минута, за Антонин Барак во 77-та минута да го постигне третиот гол за Удинезе.

Со трите освоени бодови, Удинезе се проби на 11 место на табелата во групата на три екипи кои имаат по 21 бод.

Интер останува на бод предност во однос на Наполи кој вечерва гостува кај Торино.