Connect with us

Кошарка

Прв пораз за Реал Мадрид во Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид синоќа во натпревар од 5.коло од Евролигата го претрпеа првиот пораз откако загубија од Химки со 80:86.

Гостите од Русија имаа предност во текот на целиот натпревар,а најдобар на теренот беше Алексеј Швед, кој постигна 20 поени. Сега двата тима по пет дуели имаат по четири победи и по еден пораз, а единствено без пораз е Олимпијакос.

На другите дуели одиграни синоќа гостинска победа постигна Бамберг против Црвена Звезда 75:69, а триумфи дома остварија: Фенербахче против Валенсија (79:66), Басконија против Панатинаикос (85:84) и Макаби Тел Авив против Милано (79:66).

Вечерва се играат три дуели: ЦСКА Москва – Жалгирис, Ефес Анадолу – Уникаха и Барселона – Олимпијакос.