Connect with us

Кошарка

Прва победа за кошаркарите на Шкупи

Кошаркарите на новиот прволигаш Шкупи ја постигнаа првата победа сезонава откако во рамките на 7.коло го совладаа Карпош Соколи со 86:77. Домашниот тим беше подобар во првите три четвртини, додека фаворитот Карпош Соколи ја доби само последнта четвртина.

Очекувано гостинска победа со 82:67 оствари и Куманово во дуелот со Кожув.

Денеска се одиграа уште два натпревара од оваа рунда: Пелистер – Струмица 76:86 и Блокотехна – Охрид 92:78.

Утре од 17 часот се игра дербито на колото Гостивар – Работнички.

Дуелот Фени Индустри – МЗТ Скопје е закажан за 29.ноември.

Табела: Блокотехна 13 бодови, Работнички 12, Карпош Соколи 12, Охрид 11, МЗТ Скопје А.10, Гостивар 10, Фени Индустри 10, Куманово 10, Пелистер 8, Струмица 8, Кожув 8, Шкупи 8.