Connect with us

Фудбал

Први фотки од затворот во Парагвај: Роналдињо насмеан

Се појави првата фотографија на Роналдињо во затвор во Парагвај. Тој и неговиот брат се уапсени бидејќи користеле лажни пасоши. Неговиот адвокат го нарече глупав, бидејќи на Роналдињо не му бил потребен пасош за влез во Парагвај.

Вистинскиот пасош на Роналдињо му е одземен бидејќи во заштитена зона покрај езеро во Бразил градел платформа за рибарење и пристаниште за чамци, без дозвола. Бил казнет зо 2,1 милиони долари, но казната не ја платил, поради тоа му е одземен пасошот до завршување на судскиот процес.