Connect with us

Фудбал

Први проблеми за Солари – се повреди важен фудбалер на Реал!

Реал Мадрид синоќа се збогуваше со поранешниот тренер Хулен Лопетеги по дебаклот во „Ел Класико“ и поразот од 1-5 против Барселона, а новиот стратег Сантијаго Солари веднаш се соочи со нови проблеми.

Фудбалерот на „кралевите“, Рафаел Варан има повреда на мускулот во десната нога, која ја добил во дербито против Каталонците.

Дефанзивецот утрово имаше комплетни медицински прегледи, кои покажаа дека Французинот ќе мора да паузира одреден период, но не е познато колку време.

„По тестовите кои ги направи нашиот фудбалер Варан беше констатирано дека има проблеми со мускулот во десната нога“, соопштија од „кралскиот клуб“.

Извор: Sport1.mk