Connect with us

Фудбал

Првиот човек на ФИФА: Ќе ја замолиме секоја земја да именува стадион во чест на Пеле (ВИДЕО)

Првиот човек на ФИФА; Џани Инфантино е дел меѓу бројните познати лица кои се појавија на погребот на легендарниот фудбалер Пеле, кој по долго боледување и лекување во болница, почина на 82 годишна возраст.

Инфантино пред медиумите зборуваше за Пеле и што тој значеше во светот на фудбалот, а изјави дека ќе ги замоли сите земји членки на ФИФА, односно нивните фудбалски федерации, да именуваат по еден стадион во чест на Пеле и тие објекти да го носат името на „Кралот на фудбалот“.